Катерина Ацевска прва на Европскиот куп „Марибор опен 2018“ (ФОТО)

211

Катерина Ацевска го освои златниот медал на Европскиот џиу џицу куп „Марибор опен 2018“ во Словенија.

Ова е четврти медал за натпреварувачите на Дан кју по двата златни и сребрениот медал од вчера.

Вчера Јаким Колевски до златниот медал стигна со три победи, додека Зоран Колевски со две победи стигна до финалето, каде што при две продолженија поради нерешени борби 3-3 и 5-5 и судиска грешка губи и го освојува среброто.

Ipon.mk