Каратистот Шабан Муртиши дипломира со карате 10-ка

Emil-Murtisi 2016-02-13 15.49.40

Да се знае како дипломира каратист – со карате 10-ка.

Saban Murtisi odbarana 2

Имено, вчера репрезентативецот Шабан Муртиши стана дипломиран професор по физичко воспоитување и образование на Државниот универзитет на Тетово. Дипломската работа на Муртиши му беше „Текничка анализа и методика на катата хеан нидан“. Комисијата на чело со ректорот проф. д-р Вуллнет Амети, кој, воедно, и му беше ментор на Шабан, со двајцата членови на комисијата, професорите Хаки Исмаили и Кастиот Шаќири, му ја оценија работата со чиста 10-ка.

Saban murtisi odbrana

„Многу сум задоволен од презентацијата на темата. сакам да му се заблагодарам на ректорот кој најде време за да биде присутен на мојата дипломска одбрана, како и двајцата прафесори кои ми помогнаа да стигнам таму каде што сум сега“, изјави видно возбудениот од радост Шабан Муртиши.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО