ММА спектакал во Струга на 4 септември: Лазаревски-Трајковски

plakat mma struga

ММА турнирот што ќе одржи на 4 септември во Струга на ракометното игралиште ќе има две воведни и три главни борби.

plakat mma struga

„Турнирот се одржува прв пат и се надевам ќе прерасне во традиционален“, вели организаторот Игор Лазаревски, кој во октомври ќе настапи на големиот ММА турнир во Велес- „Ноќта на незаборавните“.

Во кафезот во Струга ќе се сретнат Мирза Сендиќ и Блаже Дардов, Филип Божиновски- Хајрудин Сендиќ, а главна борба на вечерта ќе биде меѓу Игор Лазарески и Мартин Трајковски. Фактички нивниот дуел супер финале на ММА турнирите Крал Макро опен 1 и 2, како победници на прилепскиот турнир.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО