Каратето извиси и за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) денеска ја усвои програмата за Летните олимписки игри во Лос Анџелес кои ќе се одржат во 2028 година и на кои ќе има шест нови спортови, крикет, флег фудбал, бејзбол, софтбол, лакрос и сквош, за жал, каратето не се најде меѓи избраните спортови.

Засега, останува единственото учество на Олимписките игри во Токио 2021 (2020).

Откако во петокот беше доставен предлогот за нови спортови на ЛОИ во Лос Анџелес, денеска Управниот одбор на ИОК на седницата која се одржа во Мумбаи, Индија, со големо мнозинство ја усвои програмата за спортови на Игрите кои ќе се одржат за пет години.

На голема радоста на повеќе од милијарда фанови во Азија, Австралија, Африка, крикетот по повеќе од еден век се враќа на програмата на Олимписките игри. Овој спорт последен пат беше дел од ЛОИ во 1900 година во Париз.

„Крикетот има повеќе од 2,5 милијарди навивачи низ целиот свет и претставува одлична можност за приклучување на нови земји“, изјави Карл Крос, претседателот на комисијата за олимписка програма.

Бејзболот по седми пат ќе биде дел од ЛОИ, откако дебито го имаше во Барселона во 1992 година. На последните ЛОИ во Токио се играше бејзбол, но нема да се игра на следните ЛОИ во Париз идната година.

И софтбол, кој е женска варијанта на бејзболот, нема да биде дел од програмата на Игрите во Париз, а досега петпати се игра на ЛОИ. Лакрос двапати бил дел од ЛОИ, последен пат на игрите во Лос Анџелес во 1908 година. Единствени „дебитанти“ на Олимписките игри се спортовите кои стануваат сè попопуларни во изминатите години – сквош и флег фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО