Карате репрезентацијата отпатува на СП во Германија

225
bp 2 den kata tim sampioni
Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија го верификуваше списокот на патници за Светското првенство за сениори во Бремен, Германија, доставени од страна на Стручниот совет, тренерите на државните репрезентации Петар Белистојаноски и Златко Димоски и Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции.
За Германија отпатуваа: Емил Павлов,Тодор Ристески, Иво Цветковски, Берат Јакупи, Симона Заборска, Моника Стефановска и Пулексенија Јованоска во борби поединечно; Пулексенија Јованоска, Маријана Димоска и Мишела Димоска – ката тим и Тодор Ристески, Иво Цветковски, Берат Јакупи, Огнен Груевски, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски и Симон Антиќ – кумите тим.
Да потесетиме дека репрезентацијата имаше мини подготовки во Охрид од 26 до 30 октомври.