Карате клубот Тигар 2003 прослави 20 години

Изминатиов викенд Карате клубот Тигар 2003 прослави 20 години јубилеј од неговото основање.

Карате клуб Тигар 2003 е основан во Беловиште-Тетово. Тренери во клубот кои се одговорни за стручната работа се брачниот пар Живорад и Сребра Мишовски.

„Во изминативе две децении од своето постоење со макотрпна и повеќегодишна работа стана еден успешен клуб со кој многу се гордееме, а секако најзаслужни се нашите спортисти кои со континуирана работа, посветеност и со сите свои заложби, сериозно одговорија на сите задачи и постигнаа спортски резултати од учество на балкански, европски и светски првенства. Овој клуб потекнува од мало рурално место, каде не е лесно да се развие и негува карате спортот“, вели тренерот Живорад Мишовски и додава:

„Но,ние доста успешно и мотивирачки се носиме со тоа. Во 2012 година клубот станува полноправен член и со право на учество на сите организирани државни, балкански, европски и светски првенства. Овој клуб има спортисти кои се натпреваруваат во неколку возрасни категории од деца па се до јуниори, во дисциплините ката и кумите. Дел од спортистите се повеќегодишни стандардни репрезентативци и придонесуваат за успехот на Македонската карате федерација. Во изминативе години нашите спортисти имаат освоено многу медали од сите натпревари  организирани од КФРСМ. Најголеми достигнувања што се остварени за клубот се балканските медали со кои се закитија Перица Ацески- 3 место ката индивидуално на Балканското првенство за ветерани кое се одржа во Крагуевац Србија 2013 год.

Симона Симовска- 3 место во кадети индивидуално кумите+54кг и 3 место екипно во кадети кумите женски во Хрватска Дубровник 2015 година.

Симона Симовска на Светското првенство во Тенерифе, Шпанија, во 2017 година беше 9-то пласирана и добитник на Оскар за млад спортист на годината.

Катја Апостоловска- 3 место кадети индивидуално во кумите -47кг на Балканско првенство за кадети, јуниори и У21 кое се одржа во Бар-Црна Гора“.

Моментално клубот има 30 членови од кои во иднина се очекува што повеќе да го афирмираат македонското карате. Да бидат носители на врвни спортски резултати од европски и светски ранг, со кои ќе се гордее целата нација.

Мишовски изразува голема благодарност до Карате Федерацијата, сите спортисти на клубот, колеги, подржувачи на карате спортот, пријатели, родители што биле и се дел од овој значаен настан.

Беа доделени благодарници за успешна  и долгогодишна соработка, за особен придонес, развој и афирмација на клубот и плакети на сите кои имаат остварено резултати изминативе години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО