Канело успешно го помина третиот последователен допинг тест

Мексиканската супер ѕвезда Сол Алварез Канело (49-1-2, 34KO) успешно го помина третиот тест за кленбутерол.

Претседателот на промоцијата Голден бој, Ерик Гомез, ги потврди информациите по тестирањето на 9 март.

Покрај тоа, боксерот на 2 и 5 март беше подложен на тестови кои не открија никакви забранети супстанци во неговата крв.

Сите овие тестови се поради претстојниот реванш на Мексиканецот против ИБФ, ИБО, ВБА и ВБЦ шампионот во средна категорија Генади Головкин.

Неодамна се појави проблем откако во телото на Канело беа пронајде траги од забранетиот кленбутерол, на 17 февруари и 20 февруари.

Гомез верува дека последните три тестови се доволен доказ дека присуството на кленбутерол во телото на Канело се должи на конзумирањето на нечисто месо.

Новите информации ќе бидат додадени во истрагата пред средбата, за која сега сите веруваат дека ќе се одржи без никакви компликации.

И додека истрагата продолжува, боксреите не запираат со нивните подготовки.

Головкин тренира чеитири недели со тренерот Абел Санчез, додека Канело две недели работи со Еди и Чепо Рејнозо.

За момент сите информации укажуваа на тоа дека употребата на нечисто месо е причина за присуството на забранетата супстанца во телото на канело, но конечните резултати треба наскоро да бидат објавени.

Досега, Канело немаше неуспешен допинг тест, барем не во последните 12 средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО