Канело сака реванш со Крафорд

Поранешниот нерикосновен шампион во супер средна категорија, Сол Алварез-Канело (63-3-2, 39 КО) сè уште се надева на реванш со Теренс Крафорд (42-0, 31 КО).
Канело се надева дека по победата над М’Били, ќе може да го убеди Крафорд да ја продолжи кариерата и да се бори со него по втор пат.
„Се надевам дека втората борба со Крафорд ќе се случи. Се надевам и мислам дека ќе биде одлична борба за навивачите. Ова е многу важна борба и се надевам дека ќе добијам реванш. Секако, му го давам она што го заслужува. Но, ни треба реванш. Не бев јас во првата борба, па сакам реваншот да се случи. Тогаш сè ќе биде поинаку. Мислам дека за да заслужи признание, тој мора да ми даде реванш“, рече Канело.
Потсетуваме дека во нивната прва борба, која се одржа во супер средна категорија, Крафорд го победи Алварез со едногласна одлука.



