Канело: Мексиканскиот воин нема да загине на огнената линија, туку ќе биде три чекори понапред

27-годишниот Сол Алварез – канело не се согласува со дефиницијата на Головкин за мексиканскиот боксерски стил.

„Кога Головкин, како и многу фанови говорат за „мексиканскиот стил“, тие го опишуваат стилот во кој борецот е храбар, агресивно оди напред, фрла силни удари само за да ги исфрли и влегуваат во непотребни промени. По мое мислење дефиницијата на Головкин за мексиканскиот стил не е потполно точна“.

„Ако ги погледнете сите големи борци од Мексико кои станаа светски шампиони – Салвадор Санчез – Чаву, Ерик Моралес – Ел терибле, Хуан Мануел Маркез и Рикардо Лопез, само да набројам неколку, тие никогаш не биле најголемите „борци“ (brawler), тие боксираа интелигентно, беа во состојба да ги претепаат противниците и заеја како да го нападнат телото за да стигнат до победата“.

„Мислам дека „Мексикански воин“ е оној кој има срце, страст и се бори со се што има до крајот воден од интуицијата и интелигенцијата. Мексиканскиот воин нема да загина на огнената линија, туку лукаво ќе се бори три чекори понапред од својот противник. Никој не може да ве научи како да станете воин. Тоа е нешто вродено што ги поврзува сите Мексиканци – тој оган е она што нè тера да се преживее и да напредуваме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО