Артем Вахитов во Лион ја брани титулата на Глори

Артем Вахитов се враќа во рингот по повредата на раката и на 28 октомври на Глори 47 во Лион ја брани титулата во полутешка категорија.

26-годишниот Русин во третата одбрана на титулата ќе се бори против Ариел Мачадо. Бразилецот го освои турнирот на предизвикувачите во Чикаго со победите против Дани Илунга и Зинедин Хамеур-Лајн. Минатата година го победи и Павел Журавлева.

Токму Журавлев е актулениот привремен шампион во полутешка категорија и прашањето е зошто Глори не организираше борба со него. На официјалната страница на организацијата не може да се најде објаснување.

Поранешниот шампион Седрик Думбе по втор патќе се бори против Јохан Лидон. Во првата борба во 2014 година Лидон славеше со судиска одлука.

Ќе се одржи и турнирот на предизвикувачите во перолесна категорија. Фабио Пинца во полуфиналето оди на Узбекистанецот Анвар Бојназаров, а Азизе Хлиали се уште го чека својот противник во полуфиналето. Хлиали во август загуби од Буаква во Бангкок.

Глори 47 Лион:
Артем Вахитов – Ариел Мачадо
Седрик Думбе – Јохан Лидон

Полуфинале на турнирот на предизвикувачи во перолесна категорија:
Азизе Хлиали – ТБА
Фабио Пинца – Анвар Бојназаров

Глори 47 Супер фајт серија:
Дилан Салвадор – ТБА
Аниса Мексико – Фунда Алкеис
Ахагган Јасин – Максим Воровски
Џими Виено – ТБА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО