Канело го обвинува Де ла Хоја за губењето на појасот за светски првак

Сол Алварез го обвини својот промотор Оскар де ла Хоја за губењето на појасот светски првак во средна категорија на ИБФ.

Затоа што неколку пати беше продолжен рокот и не ја договори борбата со задолжителниот предизвикувач Сергеј Деревјанченко, федерацијата со седиште во Њуџерси му ја одзеде титулата за која Украинецот сега треба да се бори против Генади Головкин.

Канело го освои појасот со победата против Даниел Џејкобс во мај. Во моментов ги држи титулите во ВБА и ВБЦ.

„Многу сум вознемирен и се посрамотен (заедно со моите обожаватели) затоа што ИБФ неправедно ми го одзеде појасот. Особено затоа што не знаев ништо за договорот што го склучил мечмејкерот голден бој промоушнс“, објави преку социјалните медиуми.

Сопственикот на „Голден бој“, Оскар де ла Хоја, застана во одбрана на својот мечмејкер Роберт Дијаз.

„За време на битката стојам покрај секој мој воин. Роберт Дијаз е најдобриот мечмејкер во боксот. Голден бој е најдобриот промотор со причина, а тоа се лојалност, напорна работа, интелигенција и СЕМЕЈСТВОТО“, изјави Де ла Хоја.

Дијаз го поддржа и претседателот на Голден бој Ерик Гомез.

„Роберт Дијаз не направи ништо лошо. ИБФ не беше нечесен спрема Канело откако ја освои титулата во мај. Оскар де ла Хоја и јас стоиме до Роберт 1000%“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО