Канело Алварез ќе се сретне со Генади Головкин во септември

Сoл Алварез, 31-годишниот мексикански боксер, изјави дека во септември ќе направи трилогија со Генади Головкин.

На почетокот на овој месец Алварез загуби со одлука на судиите од Дмитри Бивол. Тоа беше втор пораз за Канело во кариерата и ја прекина серијата од 15 последователни победи. Сол има реванш договор со Бивол и планира да го направи тоа, но прво ќе биде трилогијата со Головкин.

Алварез и Головкин водеа две борби во 2017 и 2018 година. На првата средба судиите досудија нерешено, што предизвика многу контроверзи. Во втората битка Алварез победи со одлука, но се уште имаше сомнежи за неговата победа.

Двата меча продадоа над еден милион платени прегледи. Сега, 4 години подоцна, време е за третата битка.

„Имавме подготвен договор за борба со Генади Головкин, па ќе го продолжам она што го започнавме. Мислам дека ова се двете најголеми борби во боксот – борбата со Головкин и реваншот со Бивол.

Да, за жал загубивме, но тоа не значи дека нема да се обидам повторно. Се враќам во септември. И во наредните денови ќе ја објавам борбата“, изјави Алварез за ЕСПН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО