Камерите забележаа хомофобичен испад на Конор Мек Грегор (ВИДЕО)

Бидејќи на вчерашниот настан во Гдањск настапи Артем Лобов, тимскиот колега и најдобар пријател на Конор Мек Грегор, најголемата ММА ѕвезда беше присутна на лице место. Лобов изгуби, а првиот кој се обиде да го утеши беше токму Мек Грегор, но притоа користеше термини поради кои некои борци порано имаа проблеми.

Фили до победата дојде апсолутно доминирајќи во сите три рунди против технички инфериорниот Лобов, на кого не му помогнаа ниту постојаните совети со речиси дивјачко однесување на Мек Грегор, кој во неколку наврати доаѓаше до кафезот, иако не беше член на аголот, туку дел од публиката. Така, Мек Грегор повеќе пати беше опоменет од судијата Марк Годард, што дополнително го разлути.

Мек Грегор помалку ја изгуби контролата за време на говорот на Фили по битката, во кој овој го критикуваше кратко, а потоа да искаже многу убав мотивациски говор за меѓусебното почитување меѓу луѓето од сите раси и потекла. Но, тоа не влијаеше на Мек Грегор да го пренесе својот гнев во зборовите до неговиот колега, обидувајќи се да го утеши до соблекувалната. До таму одеше прегрнат со него, а две камери ги снимија зборовите поради кои на Ирецот би можел да биде санкциониран.

Имено, како што може да се слушне, Мек Грегор двапати го користи зборот „faggot“ во обид да го окарактеризира Фили, а токму зарди тој истиот збор неодамна беше казнет Фабрицио Вердум, кој ќе мора направи добротворна работа во склоп ЛГБТ заедницата. Тогаш заедницата реагираше веднаш, а ќе биде интересно да се види што ќе се случи овој пат. Она што може да му оди во прилог на Мек Грегор, односно со што би можел да избегне казната, е тоа што не е во прашање изјава јавно изречена, туку во приватен разговор со Лобов, но изјава што ја заблежаа две присутни камери.

https://twitter.com/fuufnf/status/921823200031453185

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО