Погледнете како судијата го прекина УФЦ мечот за да го опомени Конор Мек Грегор да се смири! (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор правеше проблеми синоќа на настанот на УФЦ во Гдањск.

Најголемата ѕвезда на УФЦ дојде во Полска за да го поддржи својот тимски колега и пријател Артем Лобов, кој се бореше со Андреа Фили.

Иако Лобов во аголот го имаше главниот тренер на СБГ/SBG, Џон Каванаг, Мек Грегор одлучи да направи сопстевн агол и цело време стоеше до кафезот и викајќи го советуваше неговиот пријател.

На однесувањето на шампионот на УФЦ се пожалија од аголот на Фили, а судијата Марк Годард буквално ја прекина борбата во втората рунда за да го замоли жестокиот Ирец да се смири и врати на своето место.

„Ајде Коноре, те молам седни. Биди професионален“, му рече Годард на Мек Грегор додека Лобов и Фили во партер збунети гледаа што се случува.

За жал, советите на Мек Грегор не му помогнаа на „Рускиот чекан“ кој во првата рунда преживеа опасен „висок удар“ и на крајот ја изгуби борбата со судиска одлука.

https://youtu.be/UzyIpGx6KJk

https://twitter.com/fuufnf/status/921823200031453185?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D690412

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО