Камару Усман има амбиција да настапи во полутешка категорија: Сакам да докажам дека сум најдобар

Нигериецот Камару Усман оваа сабота против Леон Едвардс по шести пат го брани шампионскиот појас на УФЦ во полусредна категорија.

Нивниот меч го предводи настанот УФЦ 278 во Солт Лејк Сити.

Шампионот пред неколку дена изјави дека е заинтересиран за борбата против Хамзат Чимаев, но не ја крие желбата да се пресели во полутешка категорија и да ја освои и таа дивизија.

„Сакам почит кога ќе ги победам сите. Кога ќе кажам дека ќе прескокнам категорија сакам да докажам нешто. Велат дека сум најдобриот „паунд фор паунд“, а тоа сакам да го покажам во октагонот. Без разлика во која категорија се борам, сакам да докажам дека сум најдобар на светот“, изјави Камару Усман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО