Како ќе реагира Хабиб кога ќе прокрвари, прашува Гејџи

Џастин Гејџи ветува дека Хабиб Нурмагомедов ќе крвари на нивната средба за титлата во лесна категорија на УФЦ 254.

Геџи е еден од најагресивните борци во УФЦ. Всушност, во повеќето битки во октагонот неговите противници крвареа. И, ако ги гледате борбите на Нурмагомедов – досега тој не пуштил крв во кафезот. Затоа на „Хајлајт“ му е интересно да види како ќе реагира шампионот кога ќе ја вкуси сопствената крв.

„Знам дека ќе му ја видам крвта. Сакам да си ја види крвта и сакам да ја видам неговата реакција. Тој не е луд како мене. Мислам дека ги сака борбите, но не е толку луд како мене. Тој често не си ја гледал крвта, сигурен сум. Неговиот стил на борба не е таков да бара крвопролевање. Сигурен сум дека воопшто не размислувал за тоа. Никогаш не било фактор за него“.

Гејџи влегува во оваа средба по четири последователни победи кои завршија со нокаут.

Нурмагомедов не се борел откако во септември го победи Дастин Пориер на УФЦ 242. Тоа беше негова втора одбрана на титулата, откако претходно со завршница го победи Конор Мек Грегор на УФЦ 229.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО