Каел Сонен до Силва: Направи еден чекор назад и види ја големата слика

Siva

Поранешниот борец на УФЦ во средната и полутешка категорија, Каел Сонен даде неколку совети на Вондерлеи Силва, кој е падна во немилост на ММА организацијата, а со месеци се расфрла со критики.

 Според Сонен, Бразилецот не добива некои значајни совети од своите менаџери.

„Не знам кој му е советник на Вондерлеи Силва, ниту знам кои му се менаџерите. Не знам дали имаат барем еден човек, кој е одговорен за односи со јавноста, но јас не се согласувам со работите што ги прави тој. Според мене, тој не добива совети од никого. Тој самиот одлучил да ги прави овие потези. Се надевам дека малку ќе го намали темпото. Тој е во многу чудна фаза од животот; кога кариерата е кон крајот, а тоа е нешто што си го правел секој ден. Тешко е да се справиш со тоа. Навикнат на еден одреден начин на живот; вежбање секој ден , интервјуа , настани … секој поминува низ тоа. Како спортисти, со тоа се соочуваме многу порано, додека сме уште млади. Атлетичарите не се пензионираат на 65 години. Треба да се повлечеме многу порано. Сметам дека Вондерлеи се мачи со некои од овие промени. Тој се уште се обидува да го најде вистинскиот пат. Не знам кој е негов менаџер, но никогаш не би го советувал да ги прави работите кои тој ги прави во моментов… Тој доби признанието за посветеноста. Би сакал да му ја стиснам раката и да му кажам да направи еден чекор назад и да ја види големата слика. Не треба да постапува така, како во моментов“.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО