ЈКА Македонија учествуваше на семинарот на Курихара Казуаки во Софија (ФОТО)

Изминатиов викендот (22-24 ноември) во Софија, Бугарија, се одржа карате-до семинар со сенсеи Курихара Казуаки носител на мајсторски појас 5 дан од Јапонската Карате Асоцијација – ЈКА. Македонија ја претставуваа сенсеи Владимир Јовановски кој е претседател и главен инструктор на ЈКА Македонија и Центарот за јапонски боречки вештини Бушидо доџо, потпретседателот на ЈКА Македонија сенсеи Зоран Пејов од Карате центар Пејов и Стефан Јовановски од Бушидо доџо.

„На семинарот беа опфатени техники кихон, чија цел е користење на енергија од целото тело, кати со нивна апликација во реална борба, Хеиан 1-5, Џион, Ганкаку, Сочин и Гоџушихо Шо, како и борби кихон ипон кумите и џиу ипон кумите. Покрај Македонија и домаќинот Бугарија, на семинарот учествуваа каратедоки од Русија, Германија, Швајцарија, Унгарија, Шкотска и други земји“, вели Владимир Јовановски.

Јапонската Карате Асоцијација – ЈКА е најстарата Шотокан карате-до организација во светот и е единствена призната како тело за боречки вештини од јапонската држава. Нејзината цел е изучување на јапонската боречка вештина Карате-до како Будо, боречка вештина за реална борба со телесен и духовен дел. По активното учество на ЈКА Карате-до семинари во последнава декада, на обуката за Карате-до на Сенсеи Владимир Јовановски во Јапонија во 2017 година му беше понудено да биде официјален претставник на ЈКА во Македонија како претседател и главен инструктор. Од 2018-та Македонија и официјално е дел од ЈКА, како организација со име ЈКА Македонија.

Сенсеи Зоран Пејов нагласува дека сенсеи Курихара е повеќекратен светски првак во кати, како и еден од врвните технички инструктори на ЈКА и под негово раководтсво на семинарот се работени техники од областа на кихон, ката и кумите.

„Беа детално до перфекција објаснети и демонстрирани сите техники, како теоретски така и практично.Беа откриени доста тајни од изворот на јапонското карате-до. Достојно ја претставивме нашата земја на овај интернационален семинар и ги проширивме нашите знаења.Беше вистинско задоволство и празник за очите да се гледа совршената демонстрација на техниките од сенсеи Курихара. Одлицен методолошки пристап и уште еден доказ дека водата е најчиста од изворот. Ми бесе чест и задоволство да бидам на овај престижен семинар и да ги проширам знаењата и тоа директно од изворот, од најстарата карате асоцијација ЈКА (Јапонската карате асоцијација). Мое мото: „Никогаш не запирај, секогаш учи, учи и само напред кон нови откритија од единствениот карате-до, а жедта никогаш не престанува, но Изворот секогаш е на прво место“, изјави фасцинирано Пејов и додаде:

„ Мојот пат, мојот До Карате До. Допри го духот и немој да се штедиш. Живеј го своето Карате-До“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО