Боксерите настапуваат на „Јуниорска Златна ракавица“ во Лесковац

Македонската јуниорска репрезентација ќе учествува Меѓународниот боксерски турнир „Јуниорска Златна ракавица“ кој ќе се одржи од 5 до 7 декември во Лесковац, Србија.

Во составот на македонската репрезентација се : Димитар Огненоски , Адријан Џемаили, Бујар Сали и Александар Ристовски , а ќе ги предводи тренерот Васко Цубалевски.

Со репрезентацијата ќе патува и судијката Радмила Симевска.

Тренерот Цубалевски очеку успех на овој турнир, на кој боксерите ќе се борат за трофејот – најдобар јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО