Јасин Лама и Гоце Јанески во Лондон и Париз по норма на Олимписките игри во Токио

Јасин Лама и Гоце Јанески ќе учествуваат на квалификациските турнири во Париз и во Лондон за Олимписките игри во Токио оваа година, одлучи Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија.

За поквалитетни подготовки и поголем број на спаринг мечеви, тие ќе се подоготвуваат со репрезентацијата на Србија која исто така има нагажирано тренер оид Куба. Почетокот на подготовките дополнително ќе се утврди, бидејќи се чека одговорот од Боксерскиот сојуз на Србија.

За олмпискиот турнир Европа дава 50 боксери. Фактички турнирите во Париз и Лондон се и Светско и Европско првенство.  Турнирот во  Лондон е во март.

Меѓународниот олимписки комитет ги одреди тежинските категории за олимпискиот турнир во бокс на Игрите во Токио.

Според одлуката, во машка конкуренција ќе бидат 8, а во женска 5 тежински категории.

Квалификацискиот пат ќе се спроведува преку континентални квалификации, и финалниот светски квалификациски турнир.

Да потсетиме дека на крајот на мај минатата година телото за аматерски бокс во АИБА беше лишено од правото да организира турнир на Олимписките игри во Токио во 2020 година. Но, боксот остана дел од Игрите. Работната група предводена од претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација Моринари Ватанабе ќе биде задолжена за спроведување на натпреварот.

Турнирот се одржува од 13 март до 22 март, а од него место на Игрите ќе обезбедат по шест боксери во категориите до 69, 75 и 81 килокрам и четири тешкаши и супертешкаши.

Во машка конкуренција ќе се натпреваруваат 168 боксери.
Бокс категории на ОИ 2020, мажи:
Мува (48 кг до 52кг)
Перо (52 кг до 57 кг)
Лесна (57 кг до 63кг)
Велтер (63кг до 69кг)
Средна (69кг до 75кг)
Полутешка (75кг до 81кг)
Тешка (81 кг до 91 кг)
Супертешка (+ 91кг)

Жените – 100 натпреварувачи во 5 тежински категории
Мува (48кг до 51кг)
Перо (54кг до 57кг)
Лесна (57кг до 60кг)
Велтер (64 кг до 69 кг)
Средна (69кг до 75кг)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО