Блејдс и Ентони Џонсон се среќаваат со сумо борачи на 21 февруари

Картис Блејдс и Ентони Џонсон ќе се борат со сумо борачите Јамамотојама Рјута и Такеши на 21 февруари во Мајами. Блејдс ќе ги одмери силите со Такеши, кој е шампион во сумо. Џонсон, пак, ќе треба да се справи со Јамамотојама, кој е шампион и најтешкиот сумист во историјата на сумото. Рјута тежи над 270 килограми.

Голем дел од приходите од овој спектакуларен настан ќе одат во добротворни цели.

Џонсон: Ве молиме, поддржете и купете го овој настан. Процент од продадени платени гледања ќе оди во разни добротворни цели. Натпреварувачите не се важни тука, туку да му помогнеме на нашето општество. Мој противник ќе биде Рјута, кој е шампион и најтешкиот сумо борач во историјата на сумото. Блејдс ќе испроба против Такеши. Картис, дали подготвен да го направиме тоа?

Блједс: Победата над Дош Сантос беше емотивна затоа што ќерка ми беше во салата. Битката беше главна и многумина од моето семејство беа таму. Ги вложив сите емоции во една ноќ. На 21-ви февруари, ќе се натпреварувам во сумо борба против професионалец, заедно со Ентони Џонсон.

За прв пат по многу години, ќе носам памперс и се надевам дека ќе можам да бидам подвижен во него. Ќе биде поинаку да се натпреварувам со сумист во по нивни правила. Тие се многу поголеми од мене и тежат повеќе. Јас исто така не сум мал и ќе биде интересно. Досадно е што нема движење во тешка категорија.

Луѓето мислат дека сакам веднаш да се борам за титулата, но тоа не е мојот проблем. Многу би сакал да се борам за неа, но проблемот е во тоа што има ранг листа, а на неа нема движење. Во моментов сум во најдобра форма и немам време да останам дома и да се досадувам. Тоа е доста вознемирувачко“.

https://www.instagram.com/p/B8B5v97HMYH/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО