Јанески ги очекува првите бодови за Пинк Пантер, Алексов и Ташков се враќаат во екипата

Боксерите на Пинк Пантер денеска заминуваат за Лозница каде што во рамките на 4.коло од Регионалната боксерска лига се среќаваат со истоимената екипа. По подготовките на репрезентативците во Турција, во Пинк Пантер се надеваат на добар резултат, со мало стравување од судењето, бидејќи сите судии ќе бидат домашни.

Нема да има поголеми промени во нашата екипа, освен што Мартин Алексов и Димитар Ташков се враќаат во тимот.

„Можеме да ги изненадиме домаќините, да го освоиме и првиот бод во првенството. Ако ни се укаже можност ќе се обидеме да се врариме и со триумф“, вели капитенот Димитар Ташков.

„Очекувам мојата успешна серија да продолжи и во Лозница. Оптимист сум дека и нашата екипа ќе освои еден или два бода во Лозница, што ќе биде добра увертира за средбата по една недела, со Славија во Штип“, категоричен е најдобриот боксер на Пинк Пантер, Гоце Јанески.

„Иако малку сме заморени од подготовките во Турција, јас очекувам дека можам да го победам мојот противник во Лозница“, истакнува Александар Ристовски, кој од борба во борба е се подобар.
Средбата Лозница- Пинг Пантер по распоредот е утре, а ТВ Арена одложено ќе го емитува мечот.

Пинк Пантер ќе настапи во следниот состав:
– 56 кг Александар Ристовски
-60 кг Јасмин Мифтар
-64 кг Денис Муаремовски
-69 кг Мартин Алексов
-75 кг Гоце Јаневски
-81 кг Никола Арсов
-91 кг Марко Доциќ
+91 кг Димитар Ташков.

Ipon.mk/В.Д

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО