Кик бокс мајсторот Зоран Спасов влезе во Куќата на славните и е прогласен за мајстор на годината

Кикс бокс мајсторот Зоран Спасов од Струмица го доби признанието мајстор на годината и влезе во Куќата на славните на светско ниво во Лисабон, Португалија.

По повод ова признание Спасов имаше прием кај вршителот на должноста градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов. На денешниот прием градоначалникот му го честиташе големиот успех на кик сбокс мајсторот Зоран Спасов.

„На мое големо задоволство денеска кај мене на прием е кикбокс мајсторот и тренер во кикбокс клубот „Тим Зоран“, Зоран Спасов, кој целиот свој живот вложува максимални напори за популаризација и афирмација на кикбоксот, но и на создавање на млади спортисти од областа на кикбоксот кој што ќе ја презентираат и афирмираат и Струмица на државно и секако на меѓународно ниво. Морам да кажам дека јас, а и сите струмичани сме особено горди на континуираните успеси кои што ги постигнува клубот „Тим Зоран“. Она што вреди да се каже е дека покрај многубројните успеси како натпреварувач, Спасов деновиве се врати од Лисабон, каде што му беше врачено признание за мајстор на годината за 2017 година и влезе во Куќата на славните на светско ниво. Она што за крај сакам да го кажам е искрено и од срце да му честитам на Спасов и да му посакам и понатамошни успеси во неговата богата и спортска кариера“, рече Костадинов.

Заблагодарувајќи се за приемот, Спасов изрази голема благодарност до Општина Струмица за континуираната финансиска поддршка на спортистите и спортските клубови која им овозможува учество на сите натпревари и постигнување на одлични резултати.

„Најпрво сакам да се заблагодарам за приемот на градоначалникот и една голема благодарност до градоначалникот и Општина Струмица кои секогаш не следи во нашите успеси, односно, секогаш е со нас спортистите, ни овозможува со помош на финансиски средства да одиме напред, да учествуваме на натпревари и да освојуваме повеќе медаљи, уште еднаш голема благодарност до нив, затоа што без нивната помош, ние клубовите, повеќето од нив може и да се затворат и да не постојат, но со помошта што ни ја пружат од општина Струмица заедно со градоначалникот ние успеваме да стигнеме на секое место и на секој натпревар да учествуваме, еве сега и на оваа светска гала, односно, Куќа на славните на светско ниво каде што учествуваа 103 мајстори од поканети 125 мајстори од целиот свет, каде што се доделија повеќе видови на награди, а јас, на огромна благодарност на сите, значи не е само моја заслуга, туку, со мојот труд и со работата со клубот „Тим Зоран“ од Струмица, успеавме да добијам признание мајстор на годината за 2017 година, тоа е една голема титула која што ќе ми даде уште една поголема инспирација за да можам да освојувам уште такви титули, а со тоа ќе го презентирам клубот, нашата Општина Струмица и нашата држава Македонија“, рече Спасов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО