Јака конкуренција, добри борби и добри борци имаше самбо Првенството (ФОТО)

Sambo DP borba crno belo 2016

На Државното првенство во самбо годинава квалитетот беше на повисоко ниво од лани, на задоволство на сите. Беа прикажни одлични борби, а како одраз на тоа Меѓународната самбо организација (ФИАС) се осврна на Државното првенство и ги објави сите резултати на нивниот веб-сајт.

Sambo DP borba 2016

Ристо Димитров од Битола е еден од учесниците кој  настапи и во спорт и во кобат самбо, при што освои златен и бронзен медал и е кандидат за настап на Европското и Светското првенство во самбо.

„Па се на се беше супер. Организацијата беше одлична, противниците цврсти, јаки и беше напорно. Бев тренер, возач, борец и доктор. Малку ми беше напорно, ама презадоволен сум. На едно место се собраа добри самбисти, џудисти, борачи и ММА борци. Јака конкуренција. Успеав и како борец и како тренер. Презадоволен сум од мојот и од успехот на моите борци. Благодарение на претседателот Ердал Факиќ се помина во најдобар ред. А за настапите на меѓународен план ќе одлучи претседателот. Во ноември е Светското првенство. Како.клуб имавме одличен успех, двајца шампиони, двајца вицешампиони, две трети места. Одличен успех“, вели Димитров.

Curino i Taletino na piedestal na DP sambo 2016

Дарко Костовски кој во последно време бележи успеси во повеќе боречки спортови, таеквондо, џудо -пред една недела стана шампион), сега стана прв и во самбо, ја гледа својата шанса да се докаже и на меѓународен план.

Повредите составен дел
Повредите составен дел

Секако, не треба да се заборават и Абреша Реџепи, Амра Фејзула, Ивана Атансова, Дарко Лукач, Алекасандар Стојанов, Диме Ивчевски, Кристијан Ѓураков, Борче Ангелов, Ветон Ајдини, Ангел Ангелов, Бајро Машовиќ, бидејќи се голем потенцијал и може да се докажат и во овој спорт.

На Државното првенство настапија 124 спортисти од 8 клубови.

Micko so ekipa na DP sambo 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО