Лиото Мачида призна дека е позитивен на допинг тестот

Lioto macida

Остануваат неколку дена до УФЦ на ФОКС 19, а настанот остана без еден од најочекуваните мечеви.

Поранешниот шампион на УФЦ, Лиото Мачида, признал дека користел забранети супстанции за време на подготовките, кога му бил направен изненадувачки допинг тест. Во случајот станува збор за DHEA, чија забрана стапи во сила од оваа година.

Од УФЦ со официјално порака:

„Денес бевме известени од Антидопинг комисијата на САД (USADA) дека Лиото Мачида признал дека користел забранета супстанца за време на изненадувачки допинг тест, кој му бил направен минатата недела.

Мачида изјавил оти не знаел дека супстанцата била забранета за користење непосредно пред натпреварите, но и во процесот на подготовки“.

Противникот на Мачида, Дан Хендерсон, во моментов е трегнат од настанот и ќе му биде закажан меч на некој од следните турнири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО