Извонреден настап на Хва ранг ИТФ на „Зворник опен 2018“, освоени се 23 медали, Давид Крстески е најдобар стар кадет (ФОТО)

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ викендов имаше извонреден настап на ИТФ Гранд при „Зворник опен 2018“, освојувајќи 23 медали со 12 натпреварувачи, од кои 7 златни, 10 сребрени и 6 бронзени, како и пехар за најдобар стар кадет.

На турнирот учествуваа клубови од 13 земји од регионот со најдобрите борци.

Во клубот од Лескоец – Охрид се изненадени од успехот, иако веруваа во своите натпреварувачи, а најголеми изненадувања приредиле Филип Трифуноски, Елена Јанеска , Давид Крстески и кадетската екипа во спаринг екипно.

Кадетската екипа  во состав Филип Трифуноски, Марио Крстески, Давид Крстески и двајца позајмени натпреварувачи од Унгарија и Србија, стигна до полуфиналето, каде што се сретна со домаќините и ги победија со 3-0. Атрактивни борби поккажаа Филип Трифуноски и Марио Крстески. Во финалето очекувано бугарската екипа беше подобра, бидејќи беа повозрасни.

Дел од финалните борби сеодржаа на бина и под рефлектори, при што се избрани најатрактивните  борци,  меѓу кои се најдоа Филип Трифуноски, Елена Јанеска и Давид Крстески.

„Прв настапи Филип Трифуноски, кој атрактивно и маестрално го совлада домашниот претставник и беше доминантен во текот на целата борба. Потоа Елена, иако има 11 години, се бореше со повозрасна натпреварувачка од Босна и Херцеговина која наскоро ќе наполни 14 години, а беше неизвесно до самиот крај. За жал загуби нашата Елена. Најдобриот од домашната екипа, за публиката  да биде презадоволна, Ѓорѓе Крстиќ, против нашиот Давид Крстески. Но, тоа беше уште поголем мотив за нашиот натпреварувач, да победи по секоја цена. Во стилот на големите мајстори Давид во главната борба на вечерта го совлада атрактивно нивниот претставник и со тоа потрвди дека е еден од најдобрите во своја категорија на овие простори. Успеа да го освои пехарот за најдобар стар кадет на ИТФ Гранд при. На Давид му потекоа и солзи радосници, а и на нашата екипа“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.

Репрезентатитвецот Филип Јосифоски стигна до полуфиналето, во кое е елиминиран од светскиот шампион Рами Шау. Борбата е неизвесно до последните секунди.

„Се гордееме што веќе имаме квалитет кој парира на светската елита“, категоричен е Лазаревски.

Освојувачи на медали се:

ДАВИД КРСТЕСКИ  – 3 медала
-1 место, злато борби -35 кг кадети 11-13 год
– 1 место, злато  форми син појас кадети 11-13 год
-2 место, сребро  екипно борби кадети
-пехар за најдобар стар кадет

ВЛАДИМИР ДИМИТРИЕВИЌ -2 медала
-3 место, бронза  борби -35 кг млади кадети до 11 год
– 2 место, сребро -форми жолт  појас млади кадети  до11 год

ЕЛЕНА ЈАНЕСКА -2 медала
-2 место, сребро  борби +55 кг женски кадети 11-13 год
– 3 место, бронза  форми жолт појас женски кадети 11-13 год

МАРИО КРСТЕСКИ – 2 медала
– 3 место, бронза форми зелен појас кадети 11-13 год
-2 место, сребро  екипно борби кадети

ФИЛИП ТРИФУНОСКИ – 2 медала
-1 место,злато борби -60 кг кадети 11-13 год
-2 место, сребро екипно борби кадети

АНГЕЛА ВЕЛЈАНОСКА -2 медала
-1место,  злато  борби -55 кг женски јуниори 14-15 год
– 2 место, сребро форми жолт појас женски јуниори 14-15 год

АНАСТАСИЈА ВЕЛЈАНОСКА -2 медала
-3 место, бронза борби -60 кг женски јуниори 14-15 год
– 1 место,  злато  форми жолт појас женски јуниори 14-15 год

ХРИСТИЈАН МИТРЕСКИ -2 медала
-1 место,  злато  борби +70 кг  јуниори 14-15 год
– 3 место, бронза  форми син појас јуниори 14-15 год

ДАВИД ВЕЛКОВСКИ -2 медала
-2 место,  сребро  борби -60 кг  јуниори 14-15 год
– 2 место, сребро  форми син појас јуниори 14-15 год

АНТОНИО ЈАНЕСКИ-2 медала
-3 место,  бронза  борби -55 кг  јуниори 14-15 год
– 2 место, сребро форми зелен појас јуниори 14-15 год

ФИЛИП ЈОСИФОСКИ -2 медала
-1 место,  злато борби -64 кг  сениори
– 2 место, сребро форми црн појас 2 дан сениори

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО