Џошуа не попушта: Борбата со Вајлдер мора да се одржи во Британија

Нема нови поместувања во преговорите за борбата меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер, барем колку што е позната на јавноста.

Промоторот на Џошуа Еди Херн води преговори со задолжителниот предизвикувач на ВБА, Александар Поветкин, истовремено инсистира мечот со ВБЦ шампионот дека мора да се одржи во Велика Британија.

Панираат борбата за неоспорниот светски првак да се одржи на еден од трите стадиони Вембли, Олимпискиот или на рагби стадионот Твикенхем.

Херн прво му понуди на Вајлдер 12,5 милиони долари, што беше категорично одбиено. Контрапонудата од американската страна се огромните 50 милиони долари, но со неа доаѓаат и одредени услови, од кои еден е борбата да се одржи во САД.

И покрај оваа понуда, Џошуа е подготвен да заработи помалку под услов борбата да се одржи на Островот.

„Да, ЕЏ и неговиот тренер Роб Мек Кракен исто размислуваат по тоа прашање. Поради статусот на ЕЏ во оваа борба и сè што изградивме овде во Велика Британија, треба да ја организираме тука. Го заслуживме тоа право“, изјави Херн.

„Ако победи Вајлдер, реваншот може да се одржи во Америка. Во моментов разговорите се во фаза повлечи-пптегни, но сигурен сум дека можеме да се договориме. ЕЏ сфаќа ако борбата е во Велика Британија дека нема да заработи толку многу пари, но сфаќа и дека прво треба Вајлдер да дојде во Велика Британија“.

Во овој момент борбите на Џошуа во живо ги гледаат далеку најголем број на гледачи. За последните три меча привлекуваше 76-90.000 луѓе кои заедно сочинуваат 250.000 гледачи кои во живо го гледале Џошуа во последните три борби.

„ЕЏ ме праша колку британски фанови може да дојдат до влезници ако борбата се одржи во Америка. Му реков околу 6 000. Откако тука имавме 250.000 гледачи за три борби, неми с ечини дека тоа е во ред“.

„Решен е да се бори во Велика Британија и мислењето на Робе е дека тоа е предност. Ако е во септември, тоа ни дава можност да се одржи на стадион. Иако се во игра и Олд Трафорд во Манчестер и Принсиплаити во Кардиф, ЕЏ најрадо би сакал да се одржи во Лондон“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО