Европската џудо унија за прекршокот на Серхио Рамос: Ваки гатамe е опасна техника и затоа не е дозволена во џудо!

Европската џудо унија твитна на опасниот прекршок на Серхио Рамос за кој постои поделено мислење дали намерно или ненамерно го повреди најдобриот играч на сезоната во Премиер лигата,Мохамед Салах.

„Ваки-гатамe е опасна техника и затоа не е дозволена во џудото. Но во фудбалот доволно добра за да се освои Лигата на шампионите“.

Од Фудбалската федерација на Египет денеска стигна информација дека Салах ќе оди на рехабилитација во Шпанија и дека се очекува да биде подготвен за стартот на Мундијалот во Русија.

На петицијата против Рамос од вчера до денес се потпишаа нови 100.000 луѓе и сега брои над 470.000 потписи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО