Израел Адесања најави дека ќе паузира подолго време

Израел Адесања го загуби шампионскиот појас во средна категорија на УФЦ во средината на септември откако загуби од Шон Стрикленд.

Тоа беше петти меч за Изи за нешто повеќе од една и пол година, а за тоа време имаше три победи и два порази.

Победите против Роберт Витакер и Џаред Канониер беа проследени со пораз од Алекс Переира.

Потоа следуваше реваншот во кој му возврати на Бразилецот, но во септември повторно загуби од Стрикленд.

Триесет и четиригодишниот Адесања чувствува дека ја изгубил енергијата и планира да направи подолга пауза од борбите.

„Пред натпреварот против Стрикленд мислев ‘како се ближи крајот на мојата кариера, а сакам да направам што повеќе, знаејќи дека сето тоа ќе ми недостига’. Месеците зад мене беа сосема исти, само тренинзи и борби. И постојано се повторуваше. Се повредив на мечот со Переира, но не барам оправдување“, истакна Израел Адесанја и откри:

„Ќе одвојам време за себе и нема да се борам долго време. Се уште не сакам да се повлечам, бидејќи не сум размислувал за вакво заминување. Но, веќе не треба ништо да докажувам. Знам што треба да направам и да променам во мојот живот за телото да се врати во вистинската состојба. Одам да се лекувам и нема да ме видите некое време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON