Бојан Милески освои златен медал на АДЦЦ Софија опен

Бојан Милески од Паунд фор паунд стана балкански граплинг шампион во категоријата до 76,9 килограми над 18 години на АДЦЦ Софија опен.

Милески има со 100 отстотен ефектен, извојува четири победи против двајца противници од Бугарија и двајца од Грција без изгубен поен и со доминантно борење каде сите противници ги доминираше со одлични соборувања и супер контрола во партер со притисок и во една борба лост на рака (армбар).

Натпреварот вклучува над 360 спортисти од 13 земји – Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Русија, Италија, Ерменија, Сирија, Романија, Данска, Украина, САД и Бразил.

„Сите тројца наши противници имаа добар настап. Филип Божиновски одработи екстра добра прва борба која ја доби со гушење, а во втората имаше доста сериозен противник со кого одработија супер борба и АДЦЦ правилата беа клучни за победата на ривалот, со тоа што статистички Филип имаше едно соборување во првиот дел кога не се бодува и три квалитетни напади за завршница на кои овај пат Руси Минев добро ги одбрани, а со неговото рушење во делот на бодување ја доби борбата.

Игор Додевски овај пат немаше спортска среќа и не беше негов ден, загуби во прва борба 2-0 со изгубено соборување во делот на борба за бодување.

Продолжуваме напред со добра анализа и уште повеќе резултати во иднина“, вели тренерот на битолчани Сашко Мирчевски.

Резултати:

Бојан Милески – Гален Георгиев (Бугарија) 5-0
Бојан Милески – Цено Хаџигинев (Бугарија) 0-0
Бојан Милески – Василеос Спиропулос (Грција) 3-0
Бојан Милески – Алексис Царамантидис (Грција) 4-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО