Енди Руиз Јуниор верува дека мечот меѓу Џошуа и Вајлдер нема да биде договорен: Се плаши од него

Американско-мексиканскиот боксер Енди Руиз Јуниор на 1 јуни 2019 година го победи Ентони Џошуа со прекин во седмата рунда и ги освои шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО.

Но, шест месеци подоцна Еј Џеј возврати во реваншот, победувајќи го Дестројер со едногласна одлука на судиите и ја врати светската титула.

Џошуа загуби од Александр Усик во септември 2021 година, а Украинецот беше поуспешен и во реваншот.

Британскиот борец се врати со победи против Џермејн Френклин и Роберт Хелениус, а неговиот промотор Еди Херн бара нов противник.

А, извесно време како потенцијален противник на Џошуа се споменуваше Дионтеј Вајлдер, но тој меч тешко дека ќе се одржи, а Руиз знае зошто …

„Џошуа нема да се бори со Вајлдер, бидејќи се плаши од него. Чувствувам дека Вајлдер може да го победи Џошуа. Но, јас сакам да се борам со Вајлдер. Повеќе би сакал да се борам со него отколку со друг борец“, изјави Енди Руиз.

Енди веќе некое време бара шанса да се бори со Бронзениот бомбардер, но од тимот на Вајлдер стигнуваат критики дека тој бара премногу пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО