Израел Адесања би можел во јануари да го брани појасот против Роберт Витакер

Израел Адесања може да го брани појасот на УФЦ во средна категорија на почетокот на следната година против Роберт Витакер.

Тоа треба да биде нивна втора средба и реванш по 2019 година кога Адесања го освои појасот, победувајќи го Витакер со нокаут во втората рунда.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт има некои проблеми со уредување на овој судир поради епидемиолошките мерки во Австралија и Нов Зеланд.

„Сакаме да ја организираме таа борба и тоа може да се случи во јануари“, рече шефот на УФЦ, Дана Вајт.

Адесања ја имаше последната борба во јуни, кога го победи Марвин Ветори со едногласна одлука на судиите.

Витакер победи три натпревари по ред по поразот од Изи, беше подобар од Дарен Тил и Џаред Канониер, а во април беше подобар и од Келвин Гастелум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО