Историскиот настан „Денови на Бушидо“ доби видео-запис (ВИДЕО)

На 29 февруари 2020 година во центарот за ментална хигиена и изворни вештини ЈАМАМОРИ се одржа настанот „Денови на Бушидо“, историски чин кај нас и пошироко, под идејна и организациона палка сенсеи Иванчо Горјанин. Сите оние што не можеа да присуствуваат на овој историски настан го нудиме ексклузивното видео од „Денови на Бушидото“.

„Овој настан докажа и покажа дека кај нас, сепак, има врвни познавачи, историографи и учители на боречките вештини кои се секогаш подготвени и несебични во умеењето и оддавањето на нивните тајни преку активното практикување и подучување на истите.

Бескрајно сум благодарен на сите учесници кои буквално го оживеаја настанов и вдахнаа една сосема нова сила, од која допрва и уште повеќе ќе се чувствуваат и живеат позитивните вибрации, а воедно и ќе вродат со плод кон нови и уште посилни будоки од нас сегашните“, рече тогаш Горјанин по повод настанот за Ипон.мк.

Според него, по овој настан веќе, истата енергија можат да ја видат и почувствуваат сите.

„Всушност ви се обраќам Вам, младата генерација која допрва ќе го доживува својот Зен-ит. Сево ова е повеќе или помалку да послужи како камен-темелник на убавите работи кои доаѓаат, а се вплетени во велот на заедништво“, порачува Горјанин и доде:

„Како што и самите рековме, ова нека е само еден убав почеток, а продолжение од ова наше патување наречено Бушидо. Ви Благодарам на сите! Со моја почит и до следни средби“.

На 29 февруари 2020 година на повелбата својот печат со потпис го оставија:

  1. Боре Видевски сенсеи (4ти Дан – Џун Шихан ) – Окикукаи Уечи Рју Македонија, со членовите:
  2. Левко Левков 2ри Дан – Шидоин
  3. Анастасија Видевска 1ви Дан и
  4. Трајче Арсов 1 Кју
  • Дамјан Цингарски  – (4 Дан Аикидо) – Претседател на Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија, со членовите:
  • Марјан Апостоловски,
  • Виктор Стевковски,
  • Веда Јегени, и
  • Драган Стевковски.
  • Андреј Атанасовски (4ти Дан) Македонска Кендо/Иаидо Федерација
  • Владимир Пешков, Матеј Ивановски, Ивона Лазаровска, Александар Бодников
  • Љубиша Петровски – Аикидо Доџо Заншин, Куманово
  • Владимир Јовановски – Шеф инструктор на ЈКА Македонија
  • Зоран Пејов сенсеи – (5ти Дан) Карате центар “Пејов”, Шеф инструктор на Апсолутна Карате Федерација на Македонија
  • Стојановски Владо – Аикидо клуб Хеиши, Скопје.
  • Игор Паскоски сенсеи – Џудо клуб Миоки
  • Панче Миланов сенсеи – Аикикаи Аикидо Теншинкан Аикидо Доџо
  1. Ѓоко Томоски – Шеф инструктор на ХДКИ Македонија
  2. Даниел Спасовски сенсеи –  Аикикаи Аикидо Теншинкан Аикидо Доџо
  3. Александар Георгиевски – Меишу Јамамори рју
  4. Тамара Радојичиќ – учи деши Јамамори рју
  5. Анџело Бонано – Таиџи-кан, Коџо-рју каратедо и Шодо рју, Италија
  6. Јован Костадинов – ВТКО Хрватска.

А како почесни потписници досега ја дадоа својата поддршка со депонирање на потпис на претставници од будо вештините и дипломатскиот кор од Турција, Чешка, Унгарија, Обединетото Кралство и Австралија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО