Дана Вајт ќе го организира УФЦ 249 на приватен остров

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, мораше да ги одложи последните неколку закажани турнири поради коронавирусот, но тврди дека тоа нема да се случи со следниот.

УФЦ 249 турнирот е најавен за 18 април и според Вајт, тој ќе биде организиран на локација која засега се држи во тајност.

Со оглед на затворените граници меѓу државите, Вајт во изјава за „ТМЗ“ открил дека планира да организира турнир на приватен остров, бидејќи инаку борците не би можеле да влезат на територијата на САД.

УФЦ ќе ги забавува своите фанови наредниот период, ветува Вајт, но сите натпреварувачи, судии и други учесници во реализацијата на проектот ќе бидат постојано тестирани, а на борбите нема да има публика.

На УФЦ 249 настанот најатрактивен ќе биде дуелот меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејџи.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО