Големиот балкански карате семинар 3 е одложен

Големиот балкански карате семинар 3 кој требаше да се одржи на 24 и 25 април во Скопје се одложува поради пандемијата на Ковид-19. Семинарот е одложен и во другите држави Бугарија, Србија и Црна Гора.

Сенсеи Зоран Пејов од Карате центар Пејов, кој е организатор на семинарот,  вели дека во ваква ситуација најлогично е одложувањето, како што впрочем направија сите спортски федерации.

Засега опциите за одржување на третото издание се во текот на летото, но се ќе зависи од развојот на ситуацијата. Љубителитеа каратето и останатите боречеки вештини, благовремено ќе бидат известени за одржувањето на Големиот балкански карате семинар 3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО