Историски златен медал за Филип Додевски на Г-1 турнир и бронза за Филип Стаменов

Филип Додевски го освои златниот медла на Г-1 турнирот во таеквондо „Белград опен“ на кој се собираат бодови за Олимпискит игри во Токио 2020.

Овој турнир важи за еден од најсилните од оваа серија во светот.

Додевски извојува 4 победи против натпреварувачи од Хрватска, Германија, Шпанија и во финалето од Шведска. Ова е еден од најголемите успеси на македонското таеквондо на Г-1 турнирите.

И тоа не е се, бидејќи Филип Стаменов освои бронзен медал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО