Џорџ Гроувс го нокаутира Џејми Кокс (ВИДЕО)

Шампионот на ВБА Џорџ Гроувс го потврди го зацврсти својот статус на фаворит во суперсредна категорија во Светската боксерска супер серија. Тој го нокаутира досега непоразениот Џејми Кокс на галавечерта на „Вембли арената“ во Лондон.

Средбата започна многу контроверзно. Кокс доминираше во првите две рунди, но заврши во четвртата. Тогаш Гроувс пласира феноменален десен аперкат во телото. Тоа беше 27-та победа (20 со нокаут) наспроти 3 порази. Кокс го доживеа првиот пораз по 24 победи (13 со нокаут).

Во следниот круг на турнирот Гроувс ќе се бори против Крис Јубенк- Јуниор. Мечот ќе се одржи во јануари или февруари.

https://youtu.be/-gP6IG2Md6A

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО