Историјата на Конор Мек Грегор (ВИДЕО)

Способноста на Конор Мек Грегор и големата уста го направија едно од најголемите имиња во боречките спортови. До 2012 година, тој е сосема непознато младо момче од Ирска, кое се бори со сиромаштијата и накратко работи како водоводџија за да се преживее. Тогаш со скор 12-2 во кафезот станува двоен шампион на Кејџ вориорс, со што го привлекува вниманието на УФЦ и му даваат шанса во организацијата. Прави деби во УФЦ во 2013 година и успева да нокаутира Маркус бримаж за минута и 7 секунди, што му носи првиот од многуте наредни бонуси во УФЦ.

Тој се пробива до врвот со нокаути и успева да постигне неверојатни нешта во кафезот. Ноториус стана двоен шампион на УФЦ, а потоа направи деби во боксот против Флојд Мејведер. Остатокот е приказна што можете да ја видите во следната епизода на УФЦ 25 години на кратко:

https://www.youtube.com/watch?v=qI_2kDcGKq4
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО