Бесир Алили е европски шампион, имаме шанси и за бронзи

275

Бесир Алили (48 кг) е европски шампион.

Алили во финалето на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија, за златниот медал славеше 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.

Aлили мудро ја водеше борбата, но на крајот загрози поради одбранебениот стил, зато што опомена и казнен поен ан 15 секунди пред крајот, па противникот намали на 7-6. Но Бесир мудро ја приведе бробата до крај и по долги години донесе златен медал на Макеоднија од некое големо натпреварување, како домашен борач.

На патот до финалето талентираниот Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Стефан Штерјов (45 кг) стигна до репасажот и има шанса да се бори за медал ако победи. Аид Салихаси (51 кг) исто така е во репасаж, додека Реџеп Хајдари (92 кг) ќе се бори за бронзениот медал.

 Резултати
48 кг
Бесир Алили – Оскар Кулчицки (Полска) 10-0 (ТТ)
Бесир Алили – Андреј Витан (Молдавија) 12-10
Бесир Алили – Лука Гугешашвили (Грузија) 6-2
Финале
Бесир Алили – Хартујун Ховханнсијан (Молдавија) 7-6

65 кг
Арсим Бекири – Александар Хулник (Белорусија) 3-10

45 кг
Стефан Штерјов – Артиом Цветков (Литванија) 10-2 (туш)
Полуфинале
Стефан Штерјов – Нилози Сантеладѕе (Грузија) 0-6
Репасаж
Стефан Штерјов –

51 кг
Аид Салихаси – Аксели Еркола (Финска) 10-0 (тт)
Аид Салихаси – Микита Абрамов (Украина) 1-11 (тт)
Репасаж
Аид Салихаси – Илја Рахозау (Белорусија)

92 кг
Реџеп Хајдари – Дмитри Дусков (Молдавија) 11-1 (тт)
Реџеп Хајдари – Флип Вишниевски (Полска) 8-3
Полуфинале
Реџеп Хајдари – Лјова Геворгјан (Ерменија) 0-10
За бронза
Реџеп Хајдари –