Ислам Махачев: Никој нема да ми ја земе титулата во лесна категорија

Ислам Махачев е категоричен дека нема да се раздели со титулата во лесна категорија.

Дагестанскиот шампион на УФЦ верува дека ќе може да го одбрани појасот во борбите против најдобрите во светот. Ислам напиша дека не гледа како може да загуби од Арман Царукјан, Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира и Дастин Пориер. Махачев признава дека се во топ 5 во светот, но нема да станат шампиони додека тој е во УФЦ.

Ислам веќе ги победи Чарлс и Арман, но тој не се борел со Пориер и Гејџи. Тој планира да се бори во март, а Оливеира најверојатно е следен противник.

„Арман, Дастин, Џастин, Чарлс – сите тие се добри борци. Тие се во ТОП 5 во светот, но никој од нив нема да ја освои титулата додека сум јас овде. Тоа е се“, напиша Махачев на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО