Исени е на чекор до медал на ЕП по втората победа

 Арјан Исени (80 кг) ја забележа втората победа на Европското првенство во бокс за сениори во Белград. Исени го совлада Рафаел Ховхансијан од Ерменија со поделена одлука. 

Сега е на чекор до медал. Во четвртфиналето ќе бори со домашниот боксер Растко Симиќ, со победа обезбедува бронзен медал.

Претходно нашиот боксер го совлада Гркот Михаил Цамалидис со поделена одлука.

На ЕП учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави.

Резултати – Европско првенство:

80 кг
Арјан Исени – Михаил Цамалидис (Грција) 3-2
Арјан Исени – Рафаел Ховхансијан (Ерменија) 3-2
Арјан Исени – Растко Симиќ (Србија) 24 април

67 кг Алим Насуфи – Јануш Караван (Молдавија) 21 април

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО