Тoпурија е подготвен да ја одбрани титулата против Холовеј, но сака Макс да го заложи БМФ појасот

Шампионот на УФЦ во перо категорија Илија Тoпурија се согласи да го брани перо катгеорија против поранешниот носител Макс Холовеј, но под услов овој да го стави на маса неговиот неодамна стекнат БМФ појас. Доколку тоа не се случи и Макс не се согласи, Тупурија е подготвен да се соочи со Алекс Волкановски.

„Без појасот БМФ воопшто не ја сакам оваа борба. Возбуден сум поради таквата можност. Макс вели дека има многу опции во моментов. Ова не е така. Во моментов јас сум шампион, го избирам датумот и местото. Тој само треба да биде подготвен и да чека кога ќе му дадам знак. Кога и да му се јавам, Макс мора да биде подготвен“, коментира Илја за ММА час.

Сепак, дали идејата на Тoпурија ќе биде во синхронизација со намерите на Макс е премногу рано да се каже, бидејќи по победата над Гејџи минатиот викенд на УФЦ 300 Холовеј изјави дека е подготвен да го стави појасот БМФ на линија во борбата против Конор Мек Грегор.

Тупурија додава дека сака да се бори во септември или октомври за да може да биде подготвен за борба во првите 3 месеци од 2025 година, кога УФЦ планира голем настан во Шпанија.

Извршниот директор на организацијата, Дана Вајт, потврди дека компанијата сигурно ќе организира настан во Шпанија, а детали за плановите за тоа допрва ќе се соопштуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО