Исени го победи Гркот Цималидис на Европското бокс првенство

Арјан Исени (80 кг) забелeжа победа во првата борба на Европското првенство во бокс за сениори во Белград. Исени го совлада Гркот Михаил Цамалидис со поделена одлука.

Вториот наш адут на ЕП Ален Рустемовски загуби од фаворитот Чинар Мехметхан од Турција кој имаше добра прва рунда. Рустемовски покажа добра борба и покрај поразот. Ако го фатеше ритамот како во втората рунда тогаш резултатот ќе беше во негова корист

80 кг Арјан Исени – Михаил Цамалидис (Грција)

Изедначена прва рунда на Исени, со еден удар повеќе на Цамалидис.

Гркот при извлекуавњето задава крошеа во втортата рунда, но и Исени зададе прецизни удари. Со спуштени раце се повлекуваше.

Во третата рунда Исени ја промени татктиката и дејствуваше од поголема дистанца пласирајќи аперкати и директи.

Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на нашиот репрезентативец.

Арјан на 20 април ќе боксира со Рафаел Ховхансијан од Ерменија.

57 кг Ален Рустемовски – Чинар Мехметхан (Турција)

Јавна опомена за Ален и силни удари од противникот во првата рунда.

Во втората рунда поинакво издание на Рустемовски, иако Мехметхан тргна агресивно како и во првата тунда, но контрите на Ален добро работеа.

Во третата рунда Турчинот боксираше со забавено темпо, а Рустемовски се трудеше да го дополни изгубеното во првата рунда.

На ЕП учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави.

Резултати – Европско првенство:

57 кг Ален Рустемовски – Чинар Мехметхан (Турција) 0-5

63,5 кг Дион Лена – Андирејус Лаверновас (Литванија) предадена без борба

67 кг Алим Насуфи – Јануш Караван (Молдавија) 21 април

80 кг
Арјан Исени – Михаил Цамалидис (Грција) 3-2
Арјан Исени – Рафаел Ховхансијан (Ерменија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО