АктуелноБалкански првенстваКарате
Иса Елмази освои бронза на Балканското карате првенство, деветти медал за Македонија

Иса Елмази придодаде уште еден медал на контото македонската репрезентација на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска. Елмази освои бронзен медал.
Денес медали освоија Данило Божовиќ – златен, Резеп Рушити и Цветан Маргаритов – сребрени, Ива Пецевска и Блерина Зендели – бронзени.
Македонија по два дена освои 9 медали – 1 златен, 4 сребрени и 4 бронзени.
Резултати Балканско првенство:
Кадети
-70 кг бронза
Иса Елмази – Борис Ханџиев (Бугарија) 1-0
Иса Елмази – Константин Раис (Романија) 2-0
Иса Елмази – Михајло Марјановиќ (БиХ) 3-0
Полуфинале
Иса Елмази – Араг Еге Бејханоглу (Турција) 0-4
За бронза
Иса Елмази – Бошко Матовиќ (Црна Гора) 4-0



