АктуелноБоксЕвропски првенства

Бронзен медал за Адријан Рустемовски на Европското првенство за У-23 во Ерменија

Македонија остана без второ финале на Европското првенство во бокс за млади сениори до 23 години во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ.

Адријан Рустемовски загуби од рускиот боксер Хамзат Матиев со прекин во третата рунда.

Физичката подготовеност се покажа како пресудна во полуфиналето за Адријан, бидејќи додека беше свеж борбата беше рамноправна, особено во првата рунда, ја одлучија нијанси. Матиев го диктираше темпото позиционирајќи се центарот од рингот. Постојано напаѓаше, па во наредните две рунди силата на Рустемовски паѓаше. По еден напад на Русинот судијата му бореше, гледајќи дека е исцрпен ја прекина борбата.

Адријан ќе се задоволи со бронзен медал. Покажа дека може да се носи и со најсилните боксери, но ќе мора да работи на физичката подготвеност, бидејќи технички добро се носеше.

Ќе потсетиме дека половина час пред брат му Ален се пласира во финалето во категоријата до 57 килограми.

Европско првенство У-23:

60 кг
Адријан Рустемовски – Лукас Вимислицки (Словачка) 5-0
Полуфинале

Адријан Рустемовски – Хамзат Матиев (Русија) 0-5 ТКО Р3

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON