Иран ги победи САД и го освои Светскиот куп!

iran-usa-wrestling

Иран ги победи САД со 5-3 и триумфираше на Светскиот куп во борење слободен стил во Лос Анџелес. Шампионите беа топло поддржани со скандирања и песни од екстазираните ирански навивачи, како средбата да беше во Техеран.

Со бронза се закити тимот на Азербејџан, кој во малото финале ја совлада Русија со 15-15, но ја доби средбата на техничките поени, по дополнителните индикатори 34-28.

За петтото место Белорусија беше подобра од Монголија со 5-3, а за 7-то место Куба со истиот резултат ја порази Турција.

Резултати од финалната средба:

Иран- САД 5 – 3

57 кг Хасан Рахим – Тони Рамос 6-5

61 кг Бехнам Ехсанпур – Колеман Скот 9-7

65 кг Масуд Есмаилпур – Брент Меткалф 1-3

70 кг Хасан Јаздани Шармот – Ник Марабле 3-1

74 кг Мортеза Реза – Џордан Бароуз 0-10

86 кг Мејси Мостафаџукар – Клејтон Фостер 12-2

97 кг Мохамед Хосеин Мохамедијан – Џејк Вернер – 3-3, победа на Вернер

125 кг Комети Џасеми – Зак Реј 3-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО