Кро Кап влезе меѓу ТОП 15 УФЦ тешкашите!

 Cro Cop сега

По секој настан УФЦ ја објавува најновата листа на борците по категории. Така беше и по УФЦ Фајт најт, која се одржа во Краков, Полска.

Мирко Филиповиќ го совлада Габриел Гонзага во третата рунда, а таа победа го рангираше меѓу првите 15 најдобри тешкаши во најсилната светска промоција ММА.

Кро Кап го истурка Габриел Гонзага од најдобрите борци и се најде на 15-тото место, веднаш зад Стефан Струве. Стипе Миочиќ се наоѓа на четвртото место на најдобрите тешкаши.

 Местото меѓу најдобрите во категоријата сламка кај жените обезбеди Марина Мороз која експресно ја заврши Џоан Калдервуд. Мороз е на деветото место, додека Калдервуд падна на седмата позиција.

 Комплетна листа на најдобри борци може да се види тука.

Во тешка категорија:

Првак: Каин Веласкез

  1. Фабрицио Вердум (привремен шампион)
  2. Жуниор дош Сантош
  3. Тревис Браун
  4. Стипе Миочиќ
  5. 5. Марк Хант
  6. Џош Барнет
  7. Андреј Арловски
  8. Алистер Оверим
  9. Бен Ротвел
  10. Френк Мир
  11. Рој Нелсон
  12. Антонио Силва
  13. Мет Митрион
  14. Стефан Струве
  15. Мирко Кро Кап * НР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО