Малите нешта што недостасуваат го прават борењето големо!

Jasin-Ivanov na EP U23

Се случија убави работи во борењето, како: освојувањето на брнозениот медал на Халил Зубаиров на Европското првенство до 23 години во Полска, сребрениот и двата бронзени медали од Балканското првенство во Бурса-Турција, за кадети и јуниори во слободени грчко-римски стил, обезбедувањето на 4+1 место на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, бесплатните подготовки во Бугарија, бесплатните душеци за борење, отпишаните долгови на Федрацијата за боречки спортови во Македонија (ФБСМ) од страна на Обединетото свестско борење.

Може да радува ангажираноста на боречките клубови Лирија, Балканец и Бучим-Радовиш за одржување и унапредување на традициите на на овој спорт, како и ангажманот и сфаќањата на БК Вардар како треба да се стигне до саканата цел.

Но, секогаш има едно НО. Во случајот наборењето ќа кажеме дека малите нешта ги прават големите работи, односно, навидум едноставните работи, треба да ја дадат вистинската слика за борењето, како наш најтрофеен олимписки спорт, на кого се потпираат сите надежи за нормални норми и апетити за медал на Олимписките игри во Рио де Жениоро во Бразил, но и на Европските игри во Баку.

Сепак, најголемата норма за успех е организацијата, која во овој момент се уште лута во навиките и менталитетот. Некои работи мора да се пресечат. Не може се некој друг да и помага или да и дава. Обврските што ќе бидат утврдени од Федрацијата ќе мора да се исполнуваат, бидејќи наједонставно е да се каже дека нема, а тоа да се користи како мотив за самоволие.

Не може некој да оди некаде и никој во Федрацијата да не знае каде отишол, потоа да нагаѓаме какво првенство е тоа, па колку натпреварувачи имало и колку медали сме освоиле, а и да се доведе начинот на совените медали.

Не може освојувачот на бронзен медал, а и учесниците на Европско првенство да не ги препознаваме оти неаат опрема со националните обележја на Македонија, туку носта клупски тренерки и опрема. Погоди кој е нашиот!

Не може во времето на современата технологија се уште рачно да се мери времето на една рунда. Електронското има повеќекратни предности: јасен увид колку трае рундата и за натпреварувачите и за борачите и за публиката; градење на стратегија преку квалитетните мерења, односно сознанија за психо-моторичката подготвеност на борачот; појасен увид и на новинарите и на судиите; исто така ќе се намали притисокот на судиите.

Не може разно-разни лица да се мотаат околу судиите и да им вршат притисок, ниту, пак, публиката, како и борачите, тренерите и раководните личности, да бидат близу душекот и да го прават истото како и претходно спомнатите.

Не може критериумите да се прават од ден за ден, без разлика на моќта на клубовите. Мора точно да се утврдат многу работи. Мора точно да биде прецизиран секој напревар уште пред да почне. Мора екипниот првак да се добие по точно утврдени правила, односно дека секој екипа мора да се сретне со противникот во зацртаните осум категории, а не колку борачи ќе има, што е погубна ситуација. Треба да се извлечат и минималните ресурси и од најмалите средини.

Не може на меѓународно првенство да одиме без судии. Мора и тиа да посетуваат семинари и обуки, но и да имаа имаат независност, без да се идентификуваат о средината од која потекнуваат. Нивните обврски мора да ги исполнуваат, но и обврските кон нив да бидат исполнети.

Ако сакаме борење кое ќе ни носи успеси мора сите и веднаш да се реорганизираат со сегашноста, а не со минатото, и да се искористат сите расположливи ресурси без залажувања и надмудрувања за ситни малограѓански интереси.

Малите нешта ги прават големите и вистинските работи.

Ipon.mk/В.Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО