Џенингс: Доаѓа крајот на Кличко!

bryant-jennings

Брајант Џенингс е уверен дека е способен да го победи Владимир Кличко и да ја врати славата на американскиот бокс во најпрестижната категорија „супертешка“. Средбата меѓу Американецот и Украинецот ќе се одржи на 25 април во Њујорк.

„Супертешка категорија е врвот во професионалниот бокс. Јас сум подготвен да ставам крај на доминацијата на Кличко во неа. Тој и порано губел и може повторно да загуби. Уверен сум дека ги имам сите квалитети и вештини за да станам најдобар во светот и да го вратам шампионскиот појас во САД. Кличко доминираше толку многу години, а враќањето на титулата дома ќе биде огромно достигнување“, истакна Брајант Џенингс.

Помладиот од браќата Кличко во својата професионална кариера има победено во 63 борби и има три порази. Џенингс се уште не знае за пораз, а неговиот скор е 19 победи од 19 борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО