АктуелноДруги вештиниЏиу џицу - БЏЏ
Родолфо Виеира може да не учествува на Светското првенство во џиу џицу(ВИДЕО)
Родолфо Виеира се смета за еден од најдобрите џиу џицу спортисти во светот. Непосредно пред Светското првенство за професионалци во џиу џицу 2015, Бразилецот изјави дека не е сигурен дали ќе се бори во овогодишната апсолутна (отворена) категорија, бидејќи има повреда во грбот.
Виеира рече дека се започнало од дискус хернија и се надева дека тоа нема да го спречи неговото присуство на татамито оваа година.
https://youtu.be/dniik15NF0Q




